Хроника – Page 4 – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Последни вести

Исчезната македонската актерка, Адеа Шабани пронајдена мртва

Македонската државјанка Адеа Шабани, која исчезна пред повеќе од еден месец во Лос Анџелес каде што студирала глума е пронајдена мртва. Телото на младата девојка е најдено во плитко ископан гроб во јужна Калифорнија, на околу 80 километри од Сакраменто. Медиумите во Америка пишуваат дека властите го идентификувале пронајденото тело ...

Повеќе »

Убиство синоќа во Скопје – ја нашол мајка му во крв

На 24.03.2018 година во 21.00 часот, Г.Г. (47) од Скопје пријавил дека со убодна рана во пределот на градите и без знаци на живот ја пронашол неговата мајка К.Г. (77) во нејзиниот стан во населбата Тафталиџе во Скопје, пренесува Скај. Во 20.30 часот тој отишол да ги посети мајка му ...

Повеќе »

Малолетник нападнат во Скопје

Неколку непознати лица нападнале малолетник во Скопје – соопшти денеска МВР. Инцидентот се случил вчера попладне, кога шеснаесетгодишното момче било пресретнато од неколкумината кои му побарале пари. Откако им кажал дека нема пари, тие го турнале и со тврд остар предмет му нанеле убодна рана во десната нога. Се преземаат ...

Повеќе »

Пожарникар загина за време на снимање филм со Брус Вилис

Триесет и седумгодишен пожарникар загина, а двајца негови колеги се повредени на местото каде што се снима новиот филм „Motherless Brooklyn“ со Брус Вилис во главната улога. Мајкл Дејвидсон, инаку татко на четири деца, бил еден од 175-те пожарникари ангажирани за гаснење на пожарот во зграда во Менхетн. Но, тој се издвоил од ...

Повеќе »

Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид во хангарот на АРМ каде беа повредени двајца војници

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид во хангарот на АРМ каде при чистење на оружје од воена вежба беа повредени двајца припадници на армијата. Според првичните сознанија, настанот се случил кога двајца војници од тимот, по враќањето од воена вежба во Штип, го симнале митралезот тежок ...

Повеќе »

Пронајден мртов ловџија во Маврово

66 годишен жител на долнореканскот село Врбјани бил пронајден мртов во близина на Маврово во месноста Казане. Мртвото тело го пронашле ноговите пријатели кои заедно со него тргнале на лов. Мртвото тело на 66 годишниот жител од долнореканскот село Врбјане го пронашле двајцата негови пријатели од Маврово вчера околу 19 ...

Повеќе »

Почина основоположничката на македонската балетска сцена, Бранѓолица

Денеска, на 82-годишна возраст почина балерината Вера Бранѓолица, родена Божиновска, една од основоположниците на балетската сцена во Република Македонија. Родена е во Скопје, 1936 година и од нејзината 14 годишна возраст ја започнува нејзината плодна кариера во балетот, во којашто има остварено многу улоги во нејзината матична куќа – Македонската ...

Повеќе »

Возач починал од срцев удар додека возел цистерна

Возач на цистерна полна со гас починал од срцев удар додека возел по што цистерната удрила во рид и се преполовила – објави Македонската информативна агенција. Несреќата се случила на меѓународниот пат за Бугарија во близина на месноста викана Илиева чешма. – Несреќата во Итната медицинска служба е пријавена во ...

Повеќе »

Кражба во наплатен пункт на ЕВН во Струга

Во периодот од 23.30 часот на 17.03.2018 до 06.00 часот на 18.03.32018 година, засега непознати сторители извршиле тешка кражба во наплатен пункт на „ЕВН – Македонија“ во трговски комплекс на Кеј „8-ми Ноември“ во Струга. Сторителите со употреба на сила влегле во деловната просторија и одзеле сеф во кој, според ...

Повеќе »

Со закана со нож му одзел 15 илјади денари во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против скопјанецот С.Х. (40) поради сомнение дека двапати ограбил аптеки со што стекнал противправна имотна корист од 31.330 денари. Кривичните дела С.Х. ги извршил минатата недела, од седми до 13 март, во вечерните часови, во аптеки во Аеродром ...

Повеќе »

Инцидент пред трговскиот центар „Беверли Хилс“

– На 18 март 01:45 часот во СВР Скопје Ф.Н. (21) пријавил дека истиот ден околу 00:20 часот на улицата „Народен фронт“ на паркингот кај Трговскиот центар „Беверли Хилс“ од страна на повеќе лица физички бил нападнат при што бил удиран со клоци и тупаници во пределот на целото тело. ...

Повеќе »

Охриѓани не паметат ваква бура до сега – невремето снимено од неколку страни

Јужниот ветер вчера направи вистински пустош во Охрид. Социјалните мрежи преплавени со бројни видеа од невремето. Настаната е голема материјална штета која допрва треба да се проценува.   Охриѓани не паметат одамна ваква бура. Погледнеет во продолжение…

Повеќе »

Наставник по историја му искршил заб на ученик

Наставник по историја во Основното училиште Луиѓ Гуракуќи во Желино за време на час му скршил заб на 15 годишен ученик. Полицискиот билтен регистрираше и насилно грабнување на 18 годишна девојка. Според пријавеното во СВР Тетово, 56 годишниот наставник по историја беа повод и причина вчера околу 11 часот го ...

Повеќе »

Го нападнал таткото на девојката што побегнала со него

Ноќеска во 00.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.Ш. (42) од Куманово пријавил дека на 13 март околу 20 часот во населба Шуто Оризари, тој и неговото семејство биле физички нападнати од Б.Џ. (22) од Скопје и уште неколку непознати лица. Според пријавата во полицијата Д.Ш. претходно ...

Повеќе »

Денеска продолжува судењето за „Монструм“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Монструм“, кој се однесува на петкратното убиство кај Смилковското езеро во Скопје на 12 април 2012 година – објави МИА. На минатото рочиште од повторното судење за овој предмет, што се одржа на 12 февруари, беше прочитан обвинителниот акт. Обвинителот Наум ...

Повеќе »