Хуманитарен настан за бездомните животни

Промотивен/хуманитарен настан за собирање донации за помош и заштита на бездомните животни, организира денеска Граѓанската иницијатива Кане Корзо Надеж.

Настанот е од отворен карактер, а поканети се сите кои сакаат животни, доброволци, активисти. Ќе можат да донираат храна, ампули, каква било опрема за кутриња или друго нешто што би можело да биде корисно за бездомните животни.

Уметниците Лидија Стефановска, Светлана Ивановска, Марина Јакшиќ, Жаклина Мучева, Соња Димовска, Алма Идризи, Емили Унева, Ангела Стојановска, Неслихан Сулејман,… ќе имаат изложено свои ракотворби, а 20 отсто од нивната заработка ќе биде донирана за бездомните животни.

Изложена ќе биде и поезијата „Еленот слуша виножито“.

Би те интересирало и

Вељаноски до неговите колеги: Се доведуваме во незавидна состојба да ги искинеме нашите универзитетски дипломи

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, испрати отворено писмо до неговите колеги во кое укажува ...

Високо загадување на воздухот во повеќе градови

Утринава е регистрирано високо загадување на воздухот во повеќе градови во Македонија. Мерните станици утрово во ...