Хуманитарно кошаркарско дерби за собирање средства за лекување на Стеван Гешовски – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Хуманитарно кошаркарско дерби за собирање средства за лекување на Стеван Гешовски

Средствата од кошаркарското дерби меѓу клубовите МЗТ Скопје Аеродром и КК Работнички што ќе се одигра в среда ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Хуманитарната акција ја иницира Меѓународниот сојуз Скопје, за собирање средства за лекување на поранешниот кошаркар Стеван Гешовски, кој има потреба од итно лекување во странство.

Клубот МЗТ Скопје како домаќин на дербито сите собрани средтва од продажбата на билетите ќе ги донира за лекување на Гешовски. Натпреварот ќе се игра во спортската сала „Јане Сандански“ со почеток од 17:45 часот.

Би те интересирало и

Младите македонски кошаркари на силен турнир во Истанбул

Младите кошаркарски селекции на Македонија до 15 и до 16 години пристигнаа во Истанбул каде ...

Казни во Химки, од играчи до хигиеничарки

Раководството на рускиот кошаркарски клуб Химки одлучи со половина плата да ги казни буквално сите ...