Хјустон постигна 50 поени за една четвртина – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Хјустон постигна 50 поени за една четвртина

Рекордни 50 поени за годинашниот плејоф и втор најдобар скор на сите времиња во НБА разигрувањето за титулата оствари тимот на Хјустон Рокетс ноќеска на гостувањето кај Минесота.

„Ракетите“ победија со 119:100, а клучната разлика ја направија во третиот период (50:20).

Најдобар кошаркар на средбата беше Џејмс Харден со 36 постигнати поени.

Во серијата прв до четири победи Хјустон води со 3-1 и е на чекор до пласман во полуфиналите од плејофот во Западната конференција.

До сега пласман во 2.коло од плејофот има изборено само Њу Орлеанс.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Блокотехна израмни на 1:1 против МЗТ

  Блокотехна на домашен терен го совлада МЗТ Скопје со 106:94 во вториот меѓусебен дуел ...

Со дуелот меѓу МЗТ и Блокотехна стартува полуфиналето од плејофот

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) во консултација со клубовите одлучи полуфиналните натпревари од плејофот да се ...