Цените на горивата од полноќ се зголемуваат

Бензинска пумпма Макпетрол - АрхиваГоривата поскапуваат од ноќеска на полноќ. Дизелот ќе се продава по повисока цена за 3 денари, а литар ќе се точи за 47 денари. Бензинот од 95 октани поскапува за половина денар и новата цена ќе изнесува 62,5 денари. За еден денар поскапува и 98-октанскиот бензин – новата цена за литар е 64,5 денари.

За 3 денари повисока цена и на екстра лесното масло за домаќинство, на 35,5 денари. Единствено, нема промена кај цената на мазутот.

Според пресметката на Регулаторна, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 5,27 проценти. Во изминативе две недели, цената на суровата нафта била повисока за 9,33 проценти, а курсот на денарот во однос на доларот бил понизок.

Би те интересирало и

Биткоинот е речиси 8.000 долари, но инвеститорите со недоверба гледаат кон него

Иако вредноста на биткоинот порасна за неверојатни 700 проценти од почетокот на оваа година, поголемиот ...

Пад на цените на нафтата на светските пазари

Цените на нафтата на светските пазари минатата недела паднаа од највисокото ниво што го достигнаа ...