ЦИА ги скенирала рудните потенцијали кај Слепче уште во 1952 година

Како што во неколку наврати веќе пишуваше „еМагазин“, американската Централна разузнавачка агенција ЦИА неодамна објави 12 милиони тајни документи меѓу кои и илјадници кои се однесуваат на Македонија и Југославија.

Во оваа прилика ви пренесуваме како разузнавачите на ЦИА уште во 1952 година се интересирале за отварањето на рудникот за железо на планината Селиште и на своите претпоставени им испраќале детални информации за капацитетот, опремата и бројот на вработени во рудникот.

„Во 1949 година почнаа истражувањата за железо на планината Селиште на шест километри од селото Слепче и на четири километри јужно од селото Жван во демирхисарскиот регион во Македонија.

Во шест од седум локации беше најдена руда на длабочина од 52 до 78 метри. Истражувањата на седмата локација беа неуспешни“, пишува во документот на ЦИА од 1952 година.

Во него се додава дека во целата област била ископани 68 дупки и дека била најдена руда на длабочини од 50 до 300 метри и се опишува какв машини користеле рударите.

„Тие користеа една германска дупчалка „Траузер“ со дизел мотор од 20 коњски сили и капацитет за копање до 700 метри и четири советски дупчалки „Крелиус“ со 12 коњски сили и капацитет за копање до длабочина од 300метри“, се вели во документот.

Оргиналниот документ на ЦИА ТУКА.

Превземено од: ЕМагазин

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...