Ципрас: Зацврстувањето на односите со Русија е стратешки избор на Грција

cipras-putin

Вчерашната средба меѓу грчкиот премиер, Алексис Ципрас и рускиот претседател, Владимир Путин во Атина заврши со усвјување заедничка политичка стратегија.

Договорот за стратегијата ги предвидува основните услови за испорака на сирова нафта и нафтени производи, а истиот го потпишаа претседателите на „Росњефт“ Игор Сечин и компанијата „Хеленик петролеум“ Јоргос Стергиулис.

Грчката и руската Влада усвоија и заедничка декларација за партнерство, план за руско-грчките односи во сферата на земјоделството и туризмот.

„Сакам да потенцирам дека зацврстувањето на односите со Русија е наш стратешки избор. Имаме историски, блиски верски и духовни врски. Пред нас е можноста да го надградима економското партерство, да ја зголемиме стабилноста во регионот и во светот“, истакна Ципрас.

Би те интересирало и

Еден починат и 48 заболени од западнонилска треска во Србија

Во Србија е регистриран еден смртен случај и 48 случаи на заболени од западнонилска треска. ...

Турција заштедила 186 милиони евра од летното сметање на времето во текот на целата година

Турција заштеди повеќе од еден милион и триста илјади мегават часови електрична енергија од задржувањето ...