Ципрас ќе ги информира претседателот и лидерите на партиите за разговорите за името – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Ципрас ќе ги информира претседателот и лидерите на партиите за разговорите за името

Во текот на викендот, грчкиот премиер Алексис Ципрас има намера да ги извести претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и лидерите на политичките партии за разговорите за името, по средбата со неговиот македонски колега во Софија.

Грчки владини извори ги брифираат новинарите во Грција за тоа дека Атина не отстапува од нејзината позиција за ерга омнес име и уставна ревизија, како главни предуслови за да постои договор, јави дописничката на МИА од Атина.

Ерга омнес со уставна ревизија е неопходен предуслов за да постои договор. Реализирање на уставната ревизија е неопходен предуслов за интеграција во меѓународните организации (ЕУ – НАТО), брифираат грчки владини извори.

 

Извор: МИА

Би те интересирало и

Бутарис излезе од болница

Како што јави дописничката на МИА од Атина, физичкиот напад врз солунскиот градоначалник го осудија ...

Ѓукановиќ ја презеде функцијата претседател на Црна Гора

Мило Ѓукановиќ денеска во Цетиње положи заклетва и официјално ја презеде функцијата претседател на Црна ...