Црвена трегова прогласена во Буенос Аирес поради високите температури

Аргентинската метеоролошка служба прогласи црвена тревога, што е највисоко ниво на закана во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес поради горештините, кои почнаа на почетокот на неделата – јавува агенцијата ТАСС.

Високите температури претставуваат закана не само за ризичните групи, туку и за здравите луѓе, нагласи Метеролошката служба. Во текот на денот температурата во Буенос Аирес достигнува 31 степен Целзиусов, но според метеоролозите, ако се земе предвид влажноста и другите показатели таа се чувствува како 38 степени. Синоптичарите не предвидуваат промена на температурите до крајот на неделата.

Горештините веќе доведоа до масовен прекин на преносот на струја, 127 илјади лица останаа без електрична енергија во вторникот поради преоптеретеноста на мрежата. Во моментов 35 илјади корисници се без струја.

Додади коментар

Би те интересирало и

Судија одби да ја прекине постапката против режисерот Полански за силување во 1977 години

Судија во Лос Анџелес ја отфрли молбата на жената, силувана од Роман Полански кога била ...

Во престрелки на Флорида загина полицаец, а тројца се ранети

Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелки што во текот на ноќта беа ...

Close