Црвена ѕвезда може да го напушти финалето во АБА лигата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Црвена ѕвезда може да го напушти финалето во АБА лигата

Претседателот на Црвена ѕвезда, Небојша Човиќ најави можност белграѓани да не го играат четвртиот натпревар од АБА финалето со Будуќност.

– Најверојатно нема да излеземе на четвртиот натпревар од финалната серија со Будуќност. Не го тврдам ова со 100%, но постојката гоплеми шанси за такво нешто, изјави Човиќ.

Неговата изјава е реакција на незадоволството на „црвено-белите“ од судењето во финалето од регионалната лига.

Претходно, Човиќ обвини за заговор против Црвена ѕвезда со цел да биде симната од тронот.

Будуќност води со 2-1 во серијата прв до три победи.

Четвртиот дуел е закажан за вечер во Подгорица со почеток во 21 часот.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Хјустон постигна 50 поени за една четвртина

Рекордни 50 поени за годинашниот плејоф и втор најдобар скор на сите времиња во НБА ...

Леброн: Треба повеќе да работиме

Најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс, не беше многу задоволен по првата победа на неговиот ...