Црвена ѕвезда спречи црногорско АБА финале – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Црвена ѕвезда спречи црногорско АБА финале

Бранителот на трофејот Црвена ѕвезда не дозволи сензација и спречи две црногорски екипи да играат во финалето на регионалната кошаркарска АБА лига.

Белграѓани синоќа на домашен терен го победија Морнар од Бар во мајсторката од полуфиналната пресметка и со 2-1 во победи се изборија за финалето.

„Црвено-белите“ веќе на полувреме имаа предност од 15 разлика (52:37) за на крајот да слават убедливо со 88:69.

Огњен Добриќ и Тејлор Рочести со по 19 и 18 поени беа најефикасни во победничкиот тим, Немања Врањеш со 21 поен беше најефикасен кај гостите.

Противник на Црвена ѕвезда во финалната серија ќе биде Будуќност.

АБА финалето ќе се игра до три добиени натпревари, првиот е закажан за 9 април во Белград.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Леброн: Треба повеќе да работиме

Најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс, не беше многу задоволен по првата победа на неговиот ...

Евролига: Будуќност мора да ги исполни условите како и сите други

  За да игра во елитната Евролига, кошаркарскиот шампион во АБА, тимот на Будуќност ќе ...