Црна Гора: Пратеници преноќија во Парламентот

Пратениците од опозициската коалиција Демократски фронт (ДФ) ја поминаа ноќта во Парламентот, откако на лидерот на Движењето за промени, Небојша Медојевиќ, му е укинат пратеничкиот имунитет.

Пратениците на ДФ, кои од минатогодишните избори го бојкотираат Парламентот, преноќија таму за да спречат апсење на Медојевиќ.

Обезбедувањето не им дозволило на новинарите утринава да влезат во Парламентот.

Со 42 гласа „за„ пратениците вчера му го укинаа имунитетот на Медојевиќ, со што на барање на Специјалното државно обвинителство, одобрија покренување на кривична постапка и одредување притвор под сомнение дека перел пари.

Пратениците на ДФ порачаа дека ќе го бранат нивниот партиски колега.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Во Трст – Порано по фармерки, сега по политичка и економска ренесанса за Балканот

Заедничко за овие иницијативи, договори и планови од Берлинскиот процес е поврзување на инфраструктурата и ...

Пожар во луксузен хотел во Истанбул

Пожар избувна рано изутринава во еден луксузен хотел со пет ѕвезди во истанбулката населба Бајрампаша. ...

Close