Црна Гора ќе дозволи геј бракови – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Црна Гора ќе дозволи геј бракови

Предлог законот за истополови бракови во Црна Гора наскоро ќе се најде во Парламентот, а јавната расправа веќе е завршена во Бијело Поље, Будва и Подгорица.

Законот за регистрирано партнерство предвидува заедници на две полнолетни лица од ист пол кои го регистрирале својот граѓански партнерски однос пред матичар. Законот предвидува и дека геј лицата со стапување во граѓански партнерски однос ќе имаат здравствено осигурување врз основа на живот со партнерот, ќе можат да наследат пензија или имот, а доколку се разведуваат ќе можат да го поделат имотот – пренесува весникот „Блиц“.

Со Законот е исклучено посвојуање деца, но таа област се регулира така што се наведува дека „партнерот кој не е родител на детето е должен да ги издржува децата на другиот партнер, ако тие немаат роднини кои по закон се должни да ги издржуваат“. Обврската на партнерот останува и после смртта на родителот на детето.

Партнерите исто така ќе можат да го задржат своето презиме или да го земат презимето на партнерот.

Освен Црна Гора, која допрва треба да го изгласа законот, во регионот истополови бракови има во Хрватска и Словенија.

Би те интересирало и

Бутарис излезе од болница

Како што јави дописничката на МИА од Атина, физичкиот напад врз солунскиот градоначалник го осудија ...

Ѓукановиќ ја презеде функцијата претседател на Црна Гора

Мило Ѓукановиќ денеска во Цетиње положи заклетва и официјално ја презеде функцијата претседател на Црна ...