ЧАСОВНИКОТ НА ПОЛ ЊУМАН ПРОДАДЕН ЗА 18 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Часовник ролекс на холивудскиот актер Пол Њуман е продаден на аукција во Њујорк за рекордни 18 милиони долари.

Часовникот е продаден на анонимен купувач за 17.8 милиони долари, по 12 минутно телефонско наддавање. Првичната цела која се очекувала да биде постигната била 1 милион евра.

Легендарниот актер кој почина во 2008 година, на 83 годишна возраст, часовникот го  добил од неговата сопруга Џоан Вудворд во 1969 година. Часовникот може да се види на многу слики на Њуман.

Во 1984 година Џоан му подарила нов ролекс, па Њуман часовникот го дал на тогашното момче на неговата ќерка, Џејмс Кокс.

Кокс го даде часовникот на аукција а дел од парите од продажбата на ролексот ќе бидат донирани во фондацијата на Њуман.

Преземено од: СДК

Би те интересирало и

Баба од Јапонија на 89 години станала махер за фотошоп (галерија)

Повеќето луѓе мислат дека технологијата е за млади луѓе, но не и Кимико Нисимото. Таа ...

Евтин трик за двојно побрзо сушење на косата со фен

Иако многу фризери советуваат кога можете да го избегнувате сушењето на косата со фен, кога ...