Червар: Публиката е заслужна за нашата победа против Горење

 

Ракометарите на Металург со победа над Горење 28-26 го заокружија својот настап на домашен терен. Тренерот на Металург и македонски селектор, Лино Червар смета дека покрај борбеноста која ја прикажаа неговите избраници во второто полувреме, голема заслуга за победата имаат и навивачите на тимот од Автокоманда.

„Горење во поголемиот дел од средбата имаше предност. Знаев дека во второто полувреме без поголемо залагање не ќе можеме да направиме пресврт. Одигравме поконцентрирано и поборбено, па тоа стана решавачко за пресвртот. На крајот, кога успеавме да го свртиме мечот во наша полза, покажавме дисциплина и покажавме дека мечот никогаш не беше готов. Голема заслуга за нашата победа има публиката. Драго ми е што на домашен терен ја завршивме СЕХА лигата со победа. Тоа е сигурно убава работа. Наше е да продолжиме да се бориме и на последните два меча“, изјави Червар по натпреварот.

И младиот голман на Металург, Мартин Томовски не го криеше задоволството од победата во последниот меч пред домашната публика.

„Желбата за победа беше поголема кај нас. На почетокот отворивме лошо, но во вториот дел се стабилизиравме. Се играше гол за гол, за крајот ние да се радувавме. Мило ми е што е така, затоа што ова беше последен дуел од СЕХА-лигата на домашен терен за нас во оваа сезона“, изјави Томовски.

На Металург му преостануваат уште два натпревари во СЕХА конкуренцијата и тоа на гостински терен против Извиѓач на 28 февруари и Нексе на 7 март.

Додади коментар

Би те интересирало и

Европскиот шампион отпатува за Катар на Супер Глоуб

Европскиот ракометен првак Вардар отпатува за Доха, Катар каде од 25 до 28 август ќе ...

ЕХФ ја исфрли Грција од ЕП во Македонија

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја исфрли грчката репрезентација до 17 години од Европското првенство кое ...

Close