Честитка од министерката Шекеринска по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска упати честитка до граѓаните, припадниците на Армијата на Република Македонија и вработени во Министерството за одбрана, по повод Денот на народното востание, денот кога, како што се наведува, македонскиот народ и сите граѓани во Македонија ја покажаа својата волја, одлучност и храброст да се борат за најсветото, слободата.

– Македонија во својата историја многу пати се бореше и се избори за слободата и демократијата. Многу пати бевме на крстосница – дали ќе отидеме во бездна и ќе го изгубиме сето она што сме го создавале со генерации. Но, во сите тие тешки моменти, моменти на неизвесност и ризик, сите заедно, сплотени, без оглед на нашата етничка и верска припадност, успеавме, не само да ја зацврстиме слободата, демократијата, еднаквоста, туку и да ја однесеме на едно повисоко ниво, се посочува во честитката.

Ние и денес, се додава во честитката, со нашето учество во мировните мисии, покажуваме дека ги споделуваме сите вредности и идеали на демократскиот свет и активно учествуваме во напорите на меѓународната заедница за воспоставување на демократијата на глобално ниво.

– Затоа, на овој ден го честитам не само народното востание, туку и будноста и одлучноста на граѓаните на Република Македонија, да ги живеат современите вредности кои и доликуваат на една модерна, европска демократија. Да останеме свесни за сето она што сме го постигнале досега, за сите жртви кои оваа нација ги има дадено и да работиме, напорно и постојано за да ги зачуваме и да ги развиваме слободата, еднаквоста и демократијата – стои во честитката од министерката  Шекеринска.

Би те интересирало и

Вељаноски до неговите колеги: Се доведуваме во незавидна состојба да ги искинеме нашите универзитетски дипломи

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, испрати отворено писмо до неговите колеги во кое укажува ...

Високо загадување на воздухот во повеќе градови

Утринава е регистрирано високо загадување на воздухот во повеќе градови во Македонија. Мерните станици утрово во ...