Честитка од претседателот на Собранието Џафери по повод „Св. Кирил и Методиј“

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери од свое и од име на пратениците, упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. Денот на Св. Кирил и Методиј.

– Со ова празнување им оддаваме почит на светите браќа Кирил и Методиј како основоположници на словенската писменост и литература, заслужни за културниот развој како на македонскиот народ, така и на сите словенски народи. Како најголеми поборници за слободата на човечкиот дух, нивниот огромен придонес во битката против заборавот и незнаењето е од непроценлива вредност, бидејќи само пишаниот збор е тоа што останува и преку кој се пренесува знаењето и мудроста на човекот – се наведува во честитката.

Според Џафери, просветлувајќи се најпрвин себе, Кирил и Методиј, преку христијанската вера, со своите дела покажале дека просветлен и просветен човек е оној кој е добар и праведен, кој е вистинољубив и  човекољубив.

Би те интересирало и

ВМРО- ДПМНЕ: Само граѓаните на референдум може да одлучат околу спорот што го има Грција со нашето име

Одлуката околу решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето име не ...

Кривична пријава за поранешната директорка на Завод и Музеј Охрид

Поранешната директорка на Завод и Музеј Охрид заработи кривична пријава поради големата финансиска штета врз ...