Четворица загинаа во стампедо на стадион во Хондурас

Најмалку четири лица загинаа во стампедо на фудбалски натпревар во Хондурас. Трагичниот инцидент се случи на натпреварот меѓу Мотагуа и Хондурас Прогрси.

До трагедијата дошло бидејќи организаторот продал повеќе билети од капацитетот на стадионот, пренесе агенцијата Асошијетед прес, повикувајќи се на полициски извори.

Од клубот кој беше домаќин, Мотагуа, тврдат дека тие не продале преголем број билети туку проблемот бил во лажните билети. Клубот објави дека за проблемот со лажните билети била известена полицијата.

„Мешаницата настана бидејќи луѓето кои имаа фалсификувани билети порано, поради што луѓето кои имаа регуларни билети останаа без своите места и мораа да ги напуштаат трибините“.

Инцидентот се случил на влезот 11, на Националниот стадион во Хондурас, на почетокот на натпреварот.

И покрај инцидентот, натпреварот се одигра и заврши со победа на Мотагуа 3-0.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Директорот на АЕК преку Агенцијата донирал пари на Федерација каде што тој е претседател

Директорот на АЕК, Сашо Димитријовски, делел донации на Велосипедската федерација, на која тој е претседател. ...

Во сообраќајка тешко повредено 7-годишно девојче, се бори за живот

Во сообраќајна несреќа што се слушила на 27 мај во 5.15 часот на магистралниот пат ...

Close