Четврта победа во низа за Панатинаикос – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Четврта победа во низа за Панатинаикос

Во најнеизвесниот меч од синоќашата програма од 9.коло, „зелените“ од Атина, пред својата публика го совладаа Реал Мадрид минимално со 84-82.

Американдите, Риверс со 20 и Гист со 15 поени беа творци на победата на Панатинаикос, кој по променливиот старт на сезоната сега врза четири победи со кои се проби на четвртото место на табелата.

ПАО сега  има вкупно 6 победи и 3 порази, идентично како и трето пласираниот тим на Фенербахче кој пак во Истанбул го победи Химки со 71-67. На рускиот тим не му помогна ниту расположениот Алексеј Шведс со своите 21 поен, па тимот од Моксва го претрпе третиот пораз по ред.

Шпанецот, Серхио Родригез со 21 поени беше прв стрелец за московска ЦСКА на гостувањето во МАлага кај Уникаха со 89-80, по што руската екипа се врати на втвот на табелата со 7 поени и 2 порази, ист „скор“ како и второ рангираниот Олимпијакос.

Би те интересирало и

Младите македонски кошаркари на силен турнир во Истанбул

Младите кошаркарски селекции на Македонија до 15 и до 16 години пристигнаа во Истанбул каде ...

Казни во Химки, од играчи до хигиеничарки

Раководството на рускиот кошаркарски клуб Химки одлучи со половина плата да ги казни буквално сите ...