Четврти „Скопски цветен фестивал“

Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ на 27 и на 28 мај (сабота и недела) во Паркот Македонија, наспроти „Веро 2“ во Тафталиџе, ќе го организираат четвртиот по ред „Скопски цветен фестивал 2017“.

„Скопскиот цветен фестивал“ е мултимедијална манифестација која по четврти пат на едно место ќе ги собере љубителите на цвеќето, природата, уредувањето на просторот, креативците и професионалците.

Во текот на два фестивалски дена граѓаните ќе имаат можност да ја изразат својата умешност со цвеќето, да добијат совети, консултации и идеи поврзани со уредувањето и одржувањето на цвеќето и зеленилото, да купат цвеќиња и цветни аранжмани, да се дружат на отворено и да се забавуваат.

Би те интересирало и

Започна пријавувањето за Дедомразовската трка во Скопје

Во недела на 24 декември во Скопје ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка, во која ...

„Живи фосили и ендемити од Охридско Езеро” е насловот на изложбата која е отвоена во Неготино

„Живи фосили и ендемити од Охридско Езеро” е насловот на изложбата која е отвоена синоќа ...