Четири вардарки во конкуренција за „Ол стар“ тимот на ЛШ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Четири вардарки во конкуренција за „Ол стар“ тимот на ЛШ

Македонскиот шампион Вардар е пред пласман на завршниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите, а четири ракометарки од „црвено-црните“ се наоѓаат во конкуренција за „Ол стар“ тимот.

ЕХФ им дава можност на навивачите да го изберат својот идеален тим на сезоната. Номинирани од Вардар се:
голман – Амандин Лејно
лев бек – Андреа Пенезиќ
пивотмен – Драгана Цвијиќ
десен бек – Александра Лакрабер.

Исто така и тренер на Вардар, Ирина Дибирова се наоѓа во конкуренција во изборот на ЕХФ.

Гласањето се одвива на следниот линк https://apps.facebook.com/my-polls/all-star-team-women-2017-18 и е отворено до 8 мај 2018 година.

Победниците, односно идеалниот тим ќе биде прогласен за време на финалниот викенд во Будимпешта на 12 и 13 мај.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Вардар победи на гостувањето кај Кил

Вардар со звукот на сирената успеа да победи со 28:29 на гостувањето кај Кил во ...

Македонија во група со Грција во квалификациите за ЕП 2020

Машката ракометна репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕП 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка, ...