Чешкото МВР сака да им дозволи на граѓаните да „убиваат терористи“

pistol-vo-raka

Чешкото министерство за внатрешни работи предложило измени на Уставот со кои граѓаните би добиле право да носат оружје и да „убиваат тероритсти“, пренесуваат чешките медиуми.

„Во време кога се изведуваат напади во Европа имаме впечаток дека Уставот на граѓаните треба да им даде поголемо право да се бранат, со легално добиено оружје“, изјавил чешкиот министер за внатрешни работи, Милан Хованец.

Чешка не се согласува на настојувањата на Европската унија да ги ограничи легалните можности за поседување на некој вид огнено оружје, додека чешкото МВР поднело предлог измена на уставниот закон со кој Чесите кои поседуваат оружје би можеле самоиницијативно да го употребат.

Како што се наведува во предлог измените на законот, побарано е одобрување за наоружување поради „одбрана на Чешка“, за да се спречат терористички напади како оние во Париз, Ница или Берлин.

Право да пукаат на терористи во случај на напад дури и кога тие самите не се загрозени, би добиле само чешките државјани и тоа исклучително на територијата на Чешка, и ова не би се однесувале ниту на граѓаните на ЕУ кои претстојуваат во земјата, предложува чешкото министерство.

„Во случај на напад на т.н. меки цели, можноста на државните органи ефикасно и брзо да го спречат бројот на жртви е ограничена. Затоа сакаме да дозволиме одбранбен напад и да им овозможиме на луѓето легално да поседуваат оружје. Нема сомневање дека терористичкиот напад има помалку шанси да биде успешно завршен во случај кога ќе соочи со активна, благовремена одбрана, дури и кога ќе биде извршена од страна на цивили“, се наведува во образложувањето на измените во законот.

„Нема кај нас да биде како во Америка, односно секој кој што сака оружје да се регистрира, да почека и да го добие. Таков модел сигурно нема да воведеме. Контролата за дозвола на оружје ќе биде уште построга отколку што е сега“, рекол Хованец.

Според статистиката на чешкото МВР, во декември минатата година дозвола за носење на оружје имале 300 илјади лица, од кои скоро 240 илјади Чеси имаат дозвола од категорија „Е“ – за заштита на животот, здравјето и имотот, а во земјата се регистрирани скоро 800 илјади парчиња оружје во сите категории кои подлежат на режимот на издавање дозволи.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Поради снежна бура блокирани патиштата во североисточна Турција

Снежна бура ги блокира патиштата во турскиот североисточен регион Ардахан. Снежна бура ги блокира патиштата ...

Промоција на извештајот за состојбата на светското население во 2017

Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации денеска ќе го промовира глобалниот извештај за ...