Чифлиганец донираше нова куќа во Дедино, радовишко

Неизмерна беше среќата кај баба Ивана и дедо Јован Трајкови од радовишкото село Дедино. Тие се вселија во новиот дом што фондацијата на проф.д-р Ванчо Чифлиганец и неговата градежна компанија Адора инженеригн им го изградија за неполни шест месеци.

Нивниот дом лани пред новогодишните празници целосно им изгоре по што оваа двојка остана без кров над главата. Баба Ивана не ја криеше среќата што доби нов дом целосно опремен.

Хуманоста и солидарноста ги држеле луѓето да опстанат и во најтешки услови, така треба да биде и сега, затоа колку можеме помагаме таму кај што е најпотребно. Вака истакна Ванчо Чифлиганец кој поучен од маката на неговите баба и дедо се одлучи да помогне.

Куката е со корисна површина од 50 тина квадрати и во неа брачниот пар Трајкови имаат целосно опремен дневне престој, бања и кујна. Објектот е енергетски ефикасен.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=YS28TuJ2n2Y[/embedyt]

Ване Трајков

Би те интересирало и

Оптимистички најави од новата локална власт во Неготино дека проблемот со недостиг на вода ќе отиде во заборав

Ќе се реши ли конечно проблемот со недостигот на водата за пиење во Неготино – ...

Граѓаните на Штип и надлежните в петок ќе расправаат за квалитетот на водата за пиење

Водоснабдување, квалитет на водата за пиење, одвод и канализација – ова се темите за кои ...