Чичаковски: Имавме мирни, демократски и фер избори согласно Уставот

Државната изборна комисија ги спроведе локалните избори во согласност со Уставот, Изборниот законик и позитивните прописи.

Денеска имавме мирни, демократски и фер избори во кои граѓаните можеа слободно да го искористат своето избирачко право, оцени претседателот на ДИК Александар Чичаковски.

ДИК при спроведувањето на овие, но и на сите претходни избори секогаш се водела од принципите на професионалност, независност, отчестност и транпарентност.

„Дававме се од нас со цел да овозможиме на граѓаните да имаат еднакво, слободно и тајно право на глас. Друг начин на работа овој состав на ДИК не познава. Овие меѓународно признати стандарди ги применувавме и при спроведување на предвремените парламентарни избори и за спроведување на Локалните избори 2017 година“, рече Чичаковски.

До Комисијата, за разлика од првиот изборен круг, пристигнале мал број приговори за заштита на лично избирачко право. „Карактеристика за денешниот ден е дека пристигнаа многу мал број забелешки барем за инструкции од општинските изборни комисии и од избирачките одбори од политичките партии мислам дека денеска пристигнаа само три забелешки и тоа во форма на известување“, додаде тој.

 

Би те интересирало и

Денеска се прегласува во Чаир

Во избирачкото место 2901 во општина Чаир денеска повторно се гласа за градоначалник. По вториот ...

Утре ќе се прегласува на едно избирачко место во Чаир

Во општина Чаир во избирачкото место 2901 утре ќе биде повторено гласањето од вториот круг ...