Чоло со уникатен план го добива најпосакуваното супер засилување!

Атлетико Мадрид има врзани раце поради тоа што светската куќа на фудбалот донесе конечна одлука казната за забрани на трансфери да трае и во актуелниот летен преоден рок, но сепак и во такви услови, Чоло Симеоне и одговорните луѓе на клубот од шпанската престолнина пронајдоа начин како да изрежираат еден од најсензационалните трансферри во Примера.

Шпанските медиуми рано утрово пренесоа интересна вест за постигнат договор меѓу Атлетико Мадрид и Севилја за шпанскиот репрезентативец Витоло, фудбалер кој според инфорациите одиграл исклучително значајна улога за конечна реализација на зделката.

Имено, Витоло ќе му се приклучи на Атлетико Мадрид во месец јануари кога ќе биде и официјално тргната забраната за ангажирање на нови фудбалери, со тоа што првиот дел од сезоната ќе го мине во Лас Палмас, тим кој ќе му овозможи на фантастичниот крилен напаѓач да остане во форма и натпеварувачки ритам.

Со ваквиот несекојдневен план, Чоло на крајот ќе го добие толку посакуваното засилување кое го мерка уште од минатото лето, а угледните шпански медиуми инфомираат дека оваа оперрација ќе го чини Атлетико Мадрид 40 милиони евра.

Би те интересирало и

Јаховиќ ја доби првата понуда – Рускиот гигант го сака Македонецот!

Македонскиот повремен репрезентативец, Адис Јаховиќ, оваа сезона игра фантастично, а после двата погодоци во вчерашниот ...

Реал не успеа да го победи Тотенхем

Тотенхем, сепак, немаше сили да направи подвиг и да стигне до победа на „Сантијаго Бернабеу“ ...