Шампионот Фенербахче поразен на гостувањето во Тел Авив – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Шампионот Фенербахче поразен на гостувањето во Тел Авив

На четирите средби од 14.коло во кошаркарската Евролига, единствената победа на домашните тимови ја оствари Макаби. На дуелот во Тел Авив, кошаркарите на Макаби го совладаа актуелниот шампион Фенербахче со 82-73.

Ова беше петтиот пораз на бранителот на трофејот по кој падна на четвртото место на табелата, бидејќи атински Панатинаикос во Белград беше подобар од Црвена звезда со 69-63.

Победи на гостински терен остварија и Реал Мадрид кој со 81-66 го совлада Бамберг, како и Жалгирис кој беше подобар од Валенсија со 71-63.

Денеска ќе се играат преостанатите четири натпревари, а во нив се среќаваат: ЦСКА Москва – Химки, Анадолу Ефес – Олимпијакос, Басконија  – Барселона и Уникаха – Милано.

Би те интересирало и

Младите македонски кошаркари на силен турнир во Истанбул

Младите кошаркарски селекции на Македонија до 15 и до 16 години пристигнаа во Истанбул каде ...

Казни во Химки, од играчи до хигиеничарки

Раководството на рускиот кошаркарски клуб Химки одлучи со половина плата да ги казни буквално сите ...