Шарена револуција во Штип: Бојата се мие, криминалот не се крие – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Шарена револуција во Штип: Бојата се мие, криминалот не се крие

Protest foto Shtip

„Нема правда, нема мир“ и „Затвор за криминалците“ порачаа попладнево штипските граѓански активисти. Шарената револуција и понтаму ги „бои“ улиците на Штип, сведочејќи за револтот на граѓаните од одлуката на претседателот, Ѓорѓе Иванов да аболира 56 лица. Иако тој се предомисли повлекувајќи ја аболицијата за 22-ца, протестите во Скопје и во останатите градови и понатаму продолжуваат.

Демонстрантите во Штип денеска истакнаа дека правдата ќе биде задоволена кога ќе бидат одмилувани вкупно 56 лица.

„Имаме таканаречен претседател на Република Македонија, избран на нелегитимен начин. Тој донесе незаконска одлука да помилува криминалци. Ги помилува сите обвинети без да излезат на суд. Ние сме се’ поблиску до остварување на нашата цел. Правда за обесправените, затвор за криминалците!“, истакна активистот Горан Трајков“.

протест фото 1111

Денешниот протест, исто како и претходните почна пред Основиот суд во 19 часот. Граѓаните маршираа низ центарот и се упатија пред општинската зграда. Таму го обвинија градоначалникот, Илчо Захариев дека со пари од општинскиот буџет на дел од вработените во Јавното претпријатие „Исар“ платил патување за Будва. Демонстрантите исто така, најавија дека ќе продолжат да протестираат, а следниот протест е закажан за среда.

Би те интересирало и

Крушево ќе го одбележи роденденот на Тоше Проески

Сопригодна програма на 25 јануари Крушево ќе го одбележи роденденот на Тоше Проески, македонската и ...

ЗНМ бара Обвинителството повторно да ги разгледа пријавите за говор на омраза

Во Македонија постои политика на неказнивост на насилството на новинари – смета претседател на ЗНМ, ...