„Шарена револуција“: Се приклучуват и земјоделците со блокади на патиштата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

„Шарена револуција“: Се приклучуват и земјоделците со блокади на патиштата

timthumb.php

И земјоделците се приклучуваат  на големата граѓанска „Шарена револуција“. Тие најавија дека до 19 часот ќе ги блокират патиштата во Крива Паланка и во Облешево.

– Во нашата здруженост и барања, земјоделците гледаат можност за Македонија во која институциите ќе работат и за нивните интереси и за нивната потреба за социјална правда. Во „борбата“ тие ќе постават блокади на патиштата и за денес најавуваат блокади во Крива Паланка во 13 и во Облешево во 19 часот. Нема правда, нема мир! Македонија е на нозе  – истакнуваат од граѓанските организации.

Би те интересирало и

„Тврдокорните“ протестираа против Законот за јазиците

  „Тврдокорни“ , „Македонските обединети сили“ и уште неколку здруженија, денеска протестираа пред македонското собрание ...

Бачев ќе ги поништува документите за влез на Македонија во ЕУ и НАТО

„Народното движење за Македонија на денешниот конгрес, одлучи да се преимени во „Единствена Македонија“. Избрани ...