Шарените чорапи на Џастин Трудо, тајно оружје во дипломатијата

Неодамна во Торонто, на „Парада на гордоста“ канадскиот премиер Џастин Трудо се појави во класичен костум, во комбинација со шарени чорапи, на кои пишуваше „Eid Mubarak“, со што канадскиот премиер го испочитува и исламскиот празник Рамазан. Чорапите се изработени од „Халал сокс“ (Halal Socks), компанија сместена во Торонто, а цената изнесува 15 долари.

Две недели претходно, во Отава беше одржана церемонија со која се крена знамето на „Парадата на гордоста”, а во таа пригода, Трудо носеше чорапи во боја на виножитото. Канадскиот премиер Џастин Трудо е миленик во светски рамки и не само на политичката сцена. Во фокусот секогаш биле неговите чорапи. Многумина велат дека овој моден детаљ може да се толкува како негово тајно оружје во  дипломатијата.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Болт ќе го отвори ГП на Америка

Атлетската суперѕвезда Јусеин Болт ќе има чест да го отвори формирачкиот круг на американското ГП ...

Вештачката интелигенција стана дел од новинарството

Вештачката интелигенција веќе влезе во светот на новинарството, а натаму би можела да стане и ...