Швајцарија избра да се откаже од нуклеарната енергија

Повеќето швајцарски гласачи го поддржаа на референдум планот земјата полека да ја напушти нуклеарната енергија и да премине на обновливи извори.

Како што покажуваат проекциите на првите неофицијални резултати, мнозинството во кантоните го поддржа предлогот, односно 58 отсто гласале „за“, а 42 отсто се против откажувањето од нуклеарната енергија.

Пканот подразбира поголемо производство од обновливи извори, намалување на зависноста од увозот, како и производство на енергија од ветер но и производство на енергетски поефикасни уреди и автомобили.

Во Цирих, швајцарскито кантон со најголем број жители, за новиот закон гласале над 60 отсто од гласачите, а во Женева над 70. Конечните резултати од референдумот се очекуваат подоцна вечерва.

Новиот енергетски закон нема конкретен датум за откажување од нуклеарната енергија, но нема да се градат нови нуклеарни централи. Наместо тоа ќе се промовираат обновливите извори на енергија, а потрошувачката на енергија по жител до 2035 година треба да се намали за 43 отсто.

Извор: МКД

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Макрон ќе предложи реформи за ЕУ и јакнење на монетарната унија

Францускиот претседател, Емануел Макрон утре ќе ги промовира своите предлози за реформи на Европската унија ...

Референдум за независност на Ирачки Курдистан

Граѓаните на ирачки Курдистан денеска ќе се изјаснат на референдум за независност на регионот од ...

Close