Швајцарскиот франк е најсигурен

Швајцарската централна банка претстави нова банкнота од 20 франци, која веќе се смета за најбезбедната во светот.

Црвена банкнота од 20 швајцарски франци е изработена од хартија со засилени памучни влакна. Во внатрешноста на банкнотата се наоѓа јадро од полимер, а банкнотата поседува вкупно 15 заштитни елементи, меѓу нив и глобус што ја менува бојата, сребрена мапа на Швајцарија и крст кој се прелива во знаме.
Дел од елементите се видливи само под микроскоп или ултравиолетово светло.
Банкнотата ќе биде достапна од среда, 17 мај.
Освен што банкнотата од 20 франци кориси најсовремен метод на заштита од фалсификат, таа е и со помал формат од досегашните банкноти.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Брегзит може да одземе од ЕУ 10 милијарди евра

Еврокомесарот за буџет, Гинтер Етингер, изјави дека повлекувањето на Велика Британија од ЕУ ќе создаде ...

Расте задолжувањето во еврозоната, каматите на минимум

Растот на задолжувањето на домаќинствата во еврозоната во мај го достигна највисокото ниво во осум ...

Close