Швеѓани се повозија без пантолони во метрото

pants-stokholm

Мажи и жени без пантолони или здолништа се појавија викендов во стокхолмското метро, како дел од меѓународната акција „No Pants Subway Ride”, што почна во Њујорк, во 2002 година, а потоа се рашири по целиот свет.

Температурите беа ниски до -6 степени Целзиусови во главниот град на Шведска, во неделата попладнето, но тоа не ги спречи ентузијастите да ги остават пантолоните и здолништата дома и да се возат со метрото само по долна облека.

pants-escalator-300x175

 

pants-flat-300x200

Сите кои учествуваа во овој настан потоа беа наградени со пијачка во пабовите во близина на станицата Fridhemsplan.

Откако почна оваа акција во Њујорк во 2002 година, се рашири во 60 земји во светот, а во Стокхолм почнаа во 2009 година, но иако времето во јануари е секогаш студено, сепак има бројни учесници од тогаш наваму.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Сериозно паѓање на квалитетот на кафето и оттаму и дефицит на пазарот

Глобалното затоплување може да доведе до сериозно паѓање на квалитетот на кафето и оттаму и ...

Дубаи пробно воведува летечко такси (Видео)

Германската стартап компанија „Волокоптер“, во соработка со компанијата „Роад енд транспорт Ауторити“ од Дибаи наскоро ...

Close