Шекеринска: Обвинителството да не стане соучесник на насилниците

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска во Обвинителството даваше исказ за инцидетите кои на 27-ми април се случија во Собранието на Република Македонија.

По исказот, таа за медиумите изјави дека била два пати нападната во Собраниетов – еднаш со статив од камера и еднаш од човек што влечејќи ја за коса, се обидел да ја собори.

„Ако ова Обвинителство продолжи да ги минимализира нападите врз пратениците, тоа ќе стане соучесник во насилието врз пратениците и ќе помогне на насилниците кои не сакаат да ја предадат власта“,  рече Шекеринска.  Според неа многу лесно можат да се препознаат напаѓачите, бидејќи ликовите им се јасно видливи на фотографиите и снимките.

Додади коментар

Би те интересирало и

Штипјанец тешко повреден во сообраќајка на патот Свети Николе – Пробиштип

Едно лице е тешко повредено во сообраќајната незгода која вчеравечер се случила на регионалниот пат ...

Украдени 880 000 денари од фирма во Гевгелија

Во периодот од 19 часот на 22. септември до 11 часот на 23. во Гевгелија ...

Close