Шербеџија доби понуда да стане член на Американската академија за филм – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Шербеџија доби понуда да стане член на Американската академија за филм

Прославениот актер Раде Шербеџија е повикан да биде член на Американската академија на филмски уметности и наука, во која членуваат филмски професионалци од целиот свет.

На овој начин Шербеџија би станал еден од членовите, кои меѓудругото, учествуваат и одлучуваат за добитниците на најпрестижната филмска награда Оскар.

Академијата има членови д 57 држави.

Во кариерата долга 50 години, познатиот актер остварил повеќе од 150 улоги во домашни и странски филмови. Своите актерски способности ги има докажано и во филмските хитови на Стенли Кјубрик „Очи ширум затворени“, „Невозможна мисија 2“ на Џон Ву, „Вселенски каубојци“ на Клинт Иствуд и „Грабни и бегај“ на Гај Ричи.

Неговиот првенец како режисер „Ослободувањето на Скопје“, во кој ја толкува главната улога е прикажан на повеќе од десет фестивали во Европа и САД. Минатата година овој фил е избран да биде македонски кандидат за 89-то доделување на наградите Оскар, во категоријата најдобар странски филм.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Објавен конкурсот за Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар го објави конкурсот за годинашното петто издание на ...

Ќе се отстрануваат малите сувенири од проектот „Скопје 2014“

Малите статуетки и илјадниците сувенири изработени според споменици и скулптури од проектот „Скопје 2014“ ќе ...