Шеста Франкофонска вечер во Крива Паланка – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Шеста Франкофонска вечер во Крива Паланка

Француски шансони, рецитации на француски јазик и сценски изведби беа дел од двочасовниот перформанс на 6.Франкофонска вечер која се одржа синоќа во Националната установа Центар за култура – Крива Паланка.

Франкофонската вечер се одржа по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата, под мотото „Нашето срце чука на француски, денес и засекогаш“, а е во организација на активот по француски јазик од основнотo општинско училиште „Јоаким Крчовски“ и средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка.

На настанот присуствуваа Љупка Димова, аташе за изучување и развој на француски јазик при Францускиот институт од Скопје и претставник на Француската амбасада во Македонија, Марија Николова од Министерството за образование и наука, одговорна за Франкофонијата при Владата, Милена Касапоска-Чадловска, претседател на Здружението на професори по француски јазик на Република Македонија и професор на Правниот факултет во Кичево.

Програмата опфати претставување на француската култура и знаменитости во фоајето на установата, а подоцна на преставата околу стотина ученици ги презентираа вештините на говорење, пеење и драматизирање на француски јазик.

– Сакам да им се заблагодарам на директорите на училиштата, родителите, учениците и гостите за несебична поддршка за овој настан. Голема благодарност до Француската амбасада и Францускиот институт од Скопје, Националната комисија за Франкофонија при МОН  и Здружението на професори по француски јазик за постојаната соработка и поддршка во организација на франкофонски настани, рече Елена Николовска, професор по француски во ООУ „Јоаким Крчовски“.

Поддршка на настанот даде и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, а гости – учесници беа ученици од гимназијата во Гостивар.

На настанот му претходеше проекција на францускиот филм „Фамилијата Белие“ во организација на НУ Центар за култура, Крива Паланка.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Откриена ризница со монети на кралот Харалд „Модрозабиот“ на Риген

Археолози во нива на најголемиот германски остров Риген откопале вредна сребрена ризница од доцниот 10. ...

Магдалена Ризова одбележува 25 години професионална актерска кариера

Театар Комедија вечерва ќе ја изведе романтичната комедија „Дони Дарк“ по повод 25 години професионална ...