Шесте службенички од УБК на суд во предметот „Тврдина 2“

Денеска продолжува судењето за шесте службенички во УБК и за ексшефот на Петтата управа во УБК, Горан Грујевски во случајот на СЈО, „Тврдина 2“.

На денешното рочиште СЈО на судот треба да му достави од Одделот за потраги во МВР официјално известување дека обвинетиот Горан Грујевски е во бегство, заедно со сведокот во овој случај, Никола Бошковски. Со тоа, судот на Грујевски ќе му суди во отсуство.

Според обвиненито, Грујевски и шестмина службенички во Управата за безбедност и контраразузнавање се товарат за уништување на службена документација и за фалсификување на службени исправи во случајот, кој според СЈО, е поврзан со уништувањето на доказите за нелегалното прислушување кое се одвивало во државата.

Горан Грујевски веќе трет месец е во бегство. Министерот Оливер Спасовски неодамна изјави дека МВР секојдневно добива нови сознанија за можната локација каде што се крие.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...