Шести ден не сообраќаат возовите поради протест на вработените

Шести ден патничките и товарните возови во Македонија не сообраќаат поради протестот на вработените кои бараат исплата на јануарската плата. Вработените остануваат на ставот за целосна исплата на јануарската плата, а засега, како што соопштуваат, немаат најави за средба со раководството на „Македонски железници“.

Од Министерството за транспорт и врски вчера инфомираа дека на последната владина седница е донесена одлука за зголемување на средствата во висина од околу 70 милиони денари на годишно ниво директна помош за оперативното работење на Железницата.

– Во насока на надминување на целокупната состојба, Владата на Република Македонија во рамки на важечките закони ќе ги исплати овие дополнителни 70 милиони денари се со цел да се разреши состојбата со блокадата од страна на вработените. Имено, според законските прописи во Република Македонија, овие дополнителни средства ќе може да се исплатат ако вработените за извршената работа приложат соодветна документација за направените трошоци за да може исплатените средства да се оправдаат во буџетот на Република Македонија – се вели во соопштението од Министерство за транспорт и врски.

Министерството апелира до менаџерскиот тим и синдикалните организации да изнајдат решение во најбрз можен рок за да се овозможи нормално фукционирање на претпријатието.

Додади коментар

Би те интересирало и

ДОМ: Министерствата направиле законски прекршување при издавање на дозволите за отворање рудници

Најмалку четири министерства направиле законски прекршувања во процесот на издавање на концесиите за отворање рудници ...

На Македонија и’ треба еколошки Прибе се согласија заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули и екологистите

На Македонија и’ треба еден еколошки Прибе, еден момент за еколошка правда. Министерството и владата ...

Close