Шестмина загинати при пад на руски хеликоптер на Далечниот Исток – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Шестмина загинати при пад на руски хеликоптер на Далечниот Исток

Шест лица загинаа рано изутринава при пад на руски хелкипотер во реонот на градот Хабаровск на Далечниот Исток на Русија.

Како што соопшти руското Министерство за вонредни состојби, хеликоптерот од типот Ми-8 се урнал во 11:30 часот по локално време (3.30 часот по средноевропско време). Сите загинати биле членови на екипажот на хеликоптерот.

Во соопштението се посочува дека при инцидентот хеликоптерот, кој бил сопственост на авиокомпанијата „Восток“, се „распаднал на парчиња“.

Хеликоптерот се урнал за време на пробен лет и во него се наоѓале само членовите на екипажот.

Рускиот Итсражен комитет започна истрага за случајот, а според првичните сознанија, како можни причини за уривањето на хеликоптерот се посочуваат лошите временски услови, дефект или грешка на пилотите.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Кривична пријава против поранешниот директор на ЈП “Исар” од Штип

Секторот за внатрешни работи Штип до надлежното ОЈО, за два одвоени случаи, поднесе кривични пријави ...

Одложено рочиштето на Монструм: Родителите бараат претрес во седиштето на СДСМ

Се одложи денешното рочиште за Монструм, предметот кој неодамна го презеде Специјалното јавно обвинителство. Иако ...