Шест земји формираа „Глобална коалиција за среќа“ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Шест земји формираа „Глобална коалиција за среќа“

Обединетите Арапски Емирати, Казахстан, Костарика, Мексико, Португалија и Словенија создадоа „Глобална коалиција за среќа“, беше соопштено на Шестата светска владина средба на врвот во Дубаи, посветена на прашања за ефективно државно управување и воведување на современите технологии во различни сфери на животот – пренесува МИА.

На престижниот форум учествуваат повеќе од 4.000 делегати од 140 земји, вклучувајќи и лидери на меѓународни организации, претставници на раководствата на водечки научно-технички структури и на технолошки корпорации од цел свет.

На церемонијата по повод потпишувањето на договорот за создавање на Глобалната коалиција за среќа присуствуваше и премиерот на Обединените Арапски Емирати и управникот на емиратството Дубаи Мухамед бен Рашин Ал Мактум, под чие покровителство се одржува форумот. Документот беше потишан од министри од шесте земји.

– Светот има потреба од нови форми на коалиции, кои ќе работат за благосостојбата и среќата на народите. Дојде време да се обединат напорите на владите за формирање на нови пристапи и механизми, кои ќе дозволат да се постигне среќа за луѓето и да се подобри квалитетот на нивниот живот, изјави Ал Мактум.

Би те интересирало и

Патнички авион со над 50 лица се урна во Иран

Ирански патнички авион што превезувал над 50 лица се урна во планините Загрос во јужниот ...

Гувернерот на Флорида побара оставка од директорот на ФБИ

Гувернерот на американската држава Флорида, Рик Скот побара оставка од директорот на ФБИ поради пропустите ...