Шест милиони долари за реставрација на замок „Белведере“ во Њујорк – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Шест милиони долари за реставрација на замок „Белведере“ во Њујорк

Њујорк ја обновува најпознатата атракција во Централ парк. Познатиот замок „Белведере“ во њујоршкиот Централ парк на есен ќе биде реставриран, за што ќе бидат потрошени шест милиони долари.

Замокот Белведере, кој е  главна атракција на паркот уште од 19 век, мора да се реставрира затоа што кога врне покривот прокиснува.

Најавено е дека ќе биде поставен нов одводен систем и подмладен оригиналниот дизајн.

Замокот последен пат е реставриран во 1983 година.

Претставници на паркот соопштиле и дека се планира додавање нова опрема на игралиштето „Били Џонсон“ на источната страна на паркот.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Уролог породи жена за време на лет од Париз до Њујорк

Откако екипажот на авионот побарал помош од лекар, Хемал сфатил дека би можел да ѝ ...

Фотографија на денот: Домашното срнче Бамби

Срнчето Бамби расте заедно со уште две кучиња во куќата на Ања Пален и Петер ...