Шкариќ: Иванов го прекрши Уставот поради мандаторот Груевски

svetomir-skarik-01

Претседателот Иванов треба да го додели мандатот за формирање на владата на партијата, односно коалицијата која може да обезбеди мнозинство во Собранието, а не на партијата која освоила најмногу пратенички мандати, објаснува професор Светомир Шкариќ во изјава за Плусинфо.

Според него, со тоа што Иванов го даде мандатот на Груевски го прекрши Уставот.

„Иванов не го доделува мандатот на партијата што има најмногу мандати, туку на партијата или коалицијата што има мнозинство во парламентот. Од гледиште на Уставот одлуката на Иванов мандатот да го даде на Груевски е противуставна. Според Уставот претседателот пред да го додели мандатот треба да има информација кој може да обезбеди мнозинство, да направи консултации со парламентарните партии. Тоа е еден процес што претходи на доделувањето на мандатот. Или пак оној што ќе дојде кај него треба да му понуди цврсти аргументи дека може да формира влада. Ако нема мнозинство тогаш не треба да го добие мандатот, зашто е многу извесно дека доделениот мандат нема да биде успешен. Претседателот треба да има активна модераторска улога, а не да делува механички. Претседателот треба да ја цени и подобноста на кандидатот, како што сега беше случајот со Романија, каде не го доби претседателот на партијата туку друго лице – вели Шкариќ.

Во 1992 година, објаснува тој, кога падна експертската влада, мандатот му беше даден на Петар Гошев но тој не успеа да обезбеди мнозинство и го врати мандатот.



Додади коментар

Би те интересирало и

Времето денеска: Сончево и топло со засилен северен ветер

Сончево и топло со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринските температури ...

Општина Кисела Вода: Преземаме мерки за надминување на проблемот во Урбаната заедница „11 Октомври“

Општина Кисела вода преку соопштение се огласи во врска со денешниoт, попладневен протест на жителите ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger