Шкендија го враќа Џелбрим Таипи од Вил

taipi-gelbrim-615x400

По вчерашната официјална промоција на Томас Брдариќ како нов шеф на стручниот штаб, тетовска Шкендија денеска ги стартува и подготовките за пролетниот дел од шампионатот – информира порталот Екипа.

Паралелно со зимските подготовки се очекува во континуитет да тече и засилувањето на играчките редови. Според последните информации како една од опциите за засилување на средниот ред е и враќањето во своите редови на 24-годишниот Џелбрим Таипи од редовите на швајцарскиот Вил.

Таипи, кој во периодот од 2011 до 2013 веќе настапуваше за Шкендија, последниве три години беше дел од тимот на Вил. Но, со крајот на претходнава година се раздели од Швајцарците па сега има сериозна финансиска понуда за враќање во Шкендија. Во дресот на Вил, Таипи одигра 59 натпревари постигнувајќи и 11 погодоци.

Покрај Таипи, желбата на тетовци за засилување на напаѓачките редови е и ангажман на 29-годишниот албански репрезентативец Елис Бакај кој изминатава полусезона настапуваше за хрватскиот прволигаш Сплит.

 

Извор: www.ekipa.mk



Додади коментар

Би те интересирало и

Евертон со 20 милиони евра го грабнува Несторовски, ќе биде замена за Лукаку

Челниците на Евертон се подготвени во своите редови да го донесат Илија Несторовски, кој внимателно ...

Челси против Јунајтед во ФА купот – Конте и Мурињо со различни мотиви

Вчерашната ждрепка во следната фаза од ФА купот донесе исклучително интересна битка за полуфиналето. На ...

Close