Шкендија очекува победа во дербито со Вардар – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Шкендија очекува победа во дербито со Вардар

Фудбалскиот клуб Шкендија очекува победа на првиот натпревар од пролетната сезона од Првата македонска фудбалска лига. Со победата како што велат, ќе бидат поблиску до освојувањето на првенствототo, со голема предност пред Вардар од 11 поени.
„Победата против Вардар ќе биде голема победа за Шкендија, која ќе биде на прагот од освојувањето на првенството во првата Македонска фудбалска лига“, рече Ќатип Бесими, шеф на стручен штаб на Шкендија.
Капитенот на Шкендија очекува фер игра. До победа, Шкендија може да стигне само ако на натпреварот влезе со поголема концетрација и смиреност.
Шкендија е прва на табелата во Првата Македонска фудбалска лига со 8 поени разлика пред Вардар.
Зоран Димовски

Би те интересирало и

Ренова и Силекс ремизираа без голови во Тетово

Ренова и Силекс одиграа без голови во првиот натпревар од 20. коло во Првата македонска ...

Ѓорѓиоски: Лани остваривме многу, плодовите допрва ќе ги собираме

Фудбалската федерација на Македонија во Скопје го одржа Редовното годишно собрание на кое беа присутни ...