Шкупи и Вардар во меч за место за четвртфиналето на Купот на Македонија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Шкупи и Вардар во меч за место за четвртфиналето на Купот на Македонија

Екипите на Шкупи и Вардар попладнево ќе го одиграат реванш натпреварот од осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија со што и официјално ќе биде заокружен есенскиот дел во домашниот фудбал.

Првата средба на „Филип Втори“ заврши без победник 1-1, па затоа двата тима имаат свои калкулации како да минат во следната рунда.

„Последен натпревар за нас оваа година која што беше успешна, и на тој начин сакаме да ја завршиме. Сигурно дека ќе атакуваме на победа и на пласман во следната фаза од Купот. Нашите амбиции се и освојување на Купот сезонава и поради тоа ќе дадеме максимум да оствариме резултат за следната фаза“, изјави фудбалерот на Вардар, Дарко Велковски.

Тренерот на чаирчани, Ардијан Нухиу се надева дека неговите избраници ќе успеат да го повторат настапот од последните две средби против вардарци, кога во првиот дуел од купот одиграа нерешено 1-1, одноно во првенствениот меч пред десетина дена Шкупи славеше победа со 2-0.

„ Знаме дека не чекаат тешки 90 минути. Имаме позитивен резултат од првиот меч, но тоа е минимална разлика. Ние сме подготвени за овој предизвик и мислам дека ќе успееме да постигнеме позитивен, истакна Нухиу.Вардар или Шкупи во четвртфиналето.

Инаку екипите на Академија Пандев, Пелистер и Ренова веќе обезбедија пласман полуфиналето.

Денешниот дуел меѓу Шкупи и Вардар ќе се игра на стадионот во Ѓорче Петров со почеток од 13 часот.

Би те интересирало и

Откриени тајни документи: Барса на Нејмар заработила само 17 милиони евра

Барселона за продажбата на Нејмар заработила помалку од она што јавноста го мисли. Имено, Барселона ...

Конте: Мурињо е мал човек и секогаш ќе биде

Конфликтот меѓу португалскиот и италијанскиот фудбалски експерт почна уште во октомври 2016 година, а кон ...