Шок во Телма, раководството прогласи 12 искусни новинари за технолошки вишок

telma-logo_0

Дванаесет вработени во Телма, со одлука на раководството, утрово се прогласени за технолошки вишок. Меѓу нив се и докажани новинарски имиња како Панта Џамбазовски, Емилија Лазаровска, Томислав Османли, Виолета Зајкова, Соња Николовска, Јулијана Лефковска Пешевска и други вработени во информативната, културната и во забавната редакција на телевизијата, пренесува порталот ПлусИнфо.

Тие не добиле образложение зошто е донесена таквата одлука, но во писменото известување било наведено дека тоа е заради намалување на трошоци.

Денеска Синдикатот на вработените на Телма очекува да има средба со раководството за да може да добие подетални информации за одлуката, по што ќе излезе и со став во јавноста.

Одлуката на раководството предизвикала шок во Телма поради фактот што за технолошки вишок се прогласуваат новинари кои се носители на дејноста и коишто се со неколкудецениско искуство.

Неофицијално, Синдикатот ќе бара на овие луѓе да им биде понудено друго работно место во телевизијата за да може, како што велат, нивниот капацитет да се искористи во Телма.

Би те интересирало и

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...

Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската ...