Шпанија е новата дестинација за македонскиот репрезентативец

Барди потпишува за Леванте, извисија Борусија Дортмунд, Штутгарт и Динамо Загреб.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди во новата сезона речиси сигурно ќе го носи дресот на шпанскиот Леванте. Барди треба официјално да го потврди договорот и дресот на Ујпешт, да го замени со тој на екипата од Примера дивисион.

Барди блесна во дресот на младата репрезентација на Македонија, на Европското првенство во Полска. Тој даде два гола на шампионатот, а беше избран и во идеалниот тим по групната фаза.

По ваквите игрчи, за него се заинтересираа повеќе европски екипи, меѓу кои беа германските Борусија Дортмунд и Штутгарт, како и најтрофејниот хрватски клуб Динамо Загреб. Сепак, на крајот Барди се одлучил за Леванте и настап во шпанското првенство.

Превземено од: СпортМедиа

Би те интересирало и

Јаховиќ ја доби првата понуда – Рускиот гигант го сака Македонецот!

Македонскиот повремен репрезентативец, Адис Јаховиќ, оваа сезона игра фантастично, а после двата погодоци во вчерашниот ...

Реал не успеа да го победи Тотенхем

Тотенхем, сепак, немаше сили да направи подвиг и да стигне до победа на „Сантијаго Бернабеу“ ...