Шпански акробат загина на настап пред 35.000 луѓе – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Шпански акробат загина на настап пред 35.000 луѓе

Шпанскиот акробат, Педро Аунион Монрој загина при пад на фестивалот „Мед кул“ во Шпанија, непосредно пред настапот на британската група „Грин Деј“.

Немилиот настан се случил кога четириесет и двегодишниот, акробат паднал од кутијата која се наоѓала во воздух на висина од 30 метри. Она што предизвика жестоки критики на социјалните мрежи е тоа што концертот сепак се одржа.

Едноставно, организаторите на фестивалот не сакале да го откажат концертот, а членовите на бендот не ни знаеле што се случило.

По концертот организаторите изразија жалење за несреќата, нагласувајќи дека не ја прекинале програмата поради безбедносни причини.

Би те интересирало и

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат како ди- џеј Авичи, не покажале ...

Марио Абдо Бенитес е новиот претседател на Парагвај

Конзервативецот Марио Абдо Бенитес победи на претседателските избори во Парагвај со 46 отсто од гласовите, ...