Шредер ново име на листата повредени во НБА лигата

Лошата серија на повреди на кошаркари во НБА лигата продолжува и во втората недела од новата сезона.

Најновото име на оваа листа е играчот на Атланта, Денис Шредер кој доживеа повреда на скочниот зглоб за време на синоќешниот натпревар меѓу Бруклин и Атланта. Германскиот репрезентативец во финишот на натпреварот при еден обид да го мине противничкиот играч Лаверт, згазна на ногата на противникот по што дојде до дисторзија на левиот скочен зглоб. Тој мораше да го напушти теренот, но среќна околност е што не се работи за посериозна повреда. Прегледите покажле дека нема посериозна повреда односно кинење на лигаментите, па Германецот се очекува брзо да се врати во тимот.

Сепак, останува горчината од лошиот „малерозен“ старт на сезоната, во која веќе се случија повеќе сериозни повреди, а речиси и да нема тим кој е без повреден играч.

Се започна во премиерниот натпревар кога играчот на Бостон, Гордон Хејворд по само пет минути од стартот на играта против Кливленд се здоби со скршеница.

„Црната“ серија ја продолжи Џеремин Лин од Бруклин, па настрада Крис Пол кој нема да може да му помогне на Хјустон во наредните месец дена. Николас Батум од Шарлот, заработи повреда на лактот Дерик Роуз дисторзија на скочиот зглоб, а слични повреди имаа и Родни Худ, Дрејмонд Грин па и новото засилување на ЛА Клиперси, Милош Теодосиќ.

Би те интересирало и

Димитријевиќ со пет поени учествуваше во третата сезонска победа на Хувентуд

Македонскиот интернационалец, Ненад Димитријевиќ постигна пет поени во третата сезонска победа на Хувентуд, овојпат во ...

Антиќ: Јас се пензионирав од репрезентацијата

Еден од најдобрите македонски кошаркари Перо Антиќ (играч на Црвена Звезда) се наоѓа на списокот ...