Штетните договори во културата извлекле милијарди денари од буџетот на Македонија

Проектите, програмите и активностите на Министерството за култура во првата половина на оваа година ќе бидат предмет на вонредна ревизија од страна на Државниот завод за ревизија, беше решено вчера на седница на Владата.

Исто така, усвоен е предлогот за измени и дополнувања на Законот за културата по скратена постапка, со цел да се овозможи ефикасна работа на директорите во установите, голема ефикаскост на инспекцискиот надзор за избегнување злоупотреби и за поголема контрола на финансиските последици што ги предизвикуваат одредбите од законот. Со измените ќе биде заштитен буџетот на РМ од штетните менаџерски договори на раководните лица во културните институции.

Според информацијата споделена на владината седница, штетите врз буџетот на Република Македонија, по однос на постојните менаџерски договори, според досегашните увиди, се во милијарди денари.

Усвоен е и предлог за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Македонија, што предизвикува нерамноправен однос и третман на уметниците во Македонија.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Фризерски шоу спектакл во Прилеп

Со учество на повеќе од 200 фризери, бербери и козметичари од цела Македонија, поделени во ...

Хуманитарен новогодишен концерт „Узун“

Традиционалниот новогодишен школски концерт на музичкото студио „Узун“, во соработка со Црвен крст на град ...