Штипјанецот кој работел на брод починал од инфаркт

Инфаркт е причината за смртта на 33 годишниот штипјанец. Трагедијата се случила на отворено море, информираат  од МНР за Канал 5.

Ангел бил работно ангажиран во службата за обезбедување на бродот. Во критичниот момент, бил на стража, кога неговите колеги  го повикале дека му доаѓа смена, но не добиле одговор. Кога отишле на местото каде штипјанецот си ја извршувал должноста го виделе паднат. Тројцата Македонци кои биле со него, пристапиле кон негова реанимација, но без успех.

ХГС Кореа од Јужна Кореја, е компанијата што работно го ангажирала Ангел и уште тројца Македонци. Компанијата се занимава со поморски транспорт на стоки. Ангел работел на еден од нејзините товарни бродови на редовната линија Дубаи – Шри Ланка.

 

Тексто е преземан од ПлусИнфо

Би те интересирало и

Самоубиствен напад во џамија во Нигерија

Најмалку 15 лица загинаа во самоубиствен напад извршен во џамија во североисточниот нигериски град Муби. ...

НДМ: Знае ли МВР дека со криење на запленетата дрога во дискотека им прави штета на младите

Народно движење за Македонија преку соопштение испратено до јавноста ги поздрави актуелните акциски контроли на ...